Просечната плата во Хрватска 729 евра

59

Просечната нето плата во Хрватска во јули изнесувала 5.424 куни или 729 евра, соопшти Државниот статистички институт.

Платата е помала номинално за 1,2%, а реално за 0,2% во споредба со јуни. Додека во споредба со јули минатата година просечната нето плата во Хрватска се зголемила за 1,1%, но реално се намалила за 2,2%. Највисоката просечна нето плата во јули била исплатена во воздушниот транспорт од 10.237 куни или 1.376 евра. Најниската пак, просечна нето плата во јули во Хрватска била исплатена во шивачкиот сектор 2.891 куни, 388 евра.