Просечната плата во Хрватска достигна 800 евра

28

croatia-wealthФото: Pixabay

Според најновите податоци на хрватскиот завод за статистика, просечната нето плата исплатена на вработен во Хрватска во декември 2017 година изнесува 800 евра, што е раст за 2,3% во споредба со лани.

Тоа значи дека споредбено со декември 2016 година, примањата на хрватите во просек се зголемиле за 18 евра, објавува Poslovni.hr.

Статистиката покажува дека просечната бруто плата исплатена во декември лани била околу 1.000 евра. Ова е намалување за 3,9% или 44 евра помалку во споредба со декември 2016 година. Сепак, кога станува збор за заработката на годишно ниво, бруто платата бележи раст за 2,8% или 30 евра.