Просечната плата во мај 21.288 денари

15

denariПросечната месечна исплатена нето плата по работник во мај годинава изнесува 21.288 денари и бележи зголемување од 2% во однос на мај лани, според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето е резултат на порастот на исплатените нето плати во Рударство и вадење камен за 8,1%, Транспорт и складирање за 6,9% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,4%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за 7,4%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 7,1% и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е 31.247 денари.

Плата во месец мај во Република Македонија не примиле 1,5% од вработените.