Просечната плата за септември изнесува 20.779 денари

28

Според податоците со кои излезе Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2012 година во Македонија изнесувала 20.799 денари.

Во однос на септември 2011, просечната плата е повисока за 0,6%, или за 20 денари, додека во споредба со претходниот месец платата се намалила за 186 денари.

Најголемо зголемувањето на просечната месечна плата на годишно ниво е забележано во следните сектори: стручни, научни и технички дејности за 12,2%, други услужни дејности за 11,1% и земјоделство, шумарство и рибарство за 4,9%.

Од друга страна пак, намалување на просечната месечна плата по вработен, во однос на претходниот месец имало во секторите: рударство и вадење на камен (4,7%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1%) и административни и помошни услужни дејности (2,8%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2012 изнесува 30.556 денари.