Просечната цена на метар квадратен на нова зграда во Црна Гора е 1.532 евра

48

Просечната цена на метар квадратен стан во Црна Гора во 2023 година изнесува 1.532 евра, објави црногорската управа за статистика Монстат на својата веб-страница.

Во Подгорица станбен квадрат чинел просечно 1.585 евра, во крајбрежниот регион на земјата 1.577 евра, во централниот 696, а во северниот 1.220 евра.

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во значителна мера зависи од учеството на становите кои спаѓаат во категоријата солидарна станбена изградба. Доколку учеството на овие станови е поголемо, просечната цена на стан во нова зграда ќе биде значително пониска, односно ако учеството е помало, просечната цена ќе биде повисока.

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во Црна Гора во категоријата комерцијални компании во 2023 година изнесувала 1.555 евра, додека во категоријата солидарна станбена изградба била 589 евра.