Проширена “црната листа“ на даночни оази

61

Министрите за финансии на Европската унија ги додадоа Панама, Сејшелски, Кајмански острови и архипелагот Палау на “црната листа“ на даночни оази, додека на Турција и покрај недостатоците ѝ дадоа повеќе време да ја прилагоди регулативата и да не се најде на списокот.

Листата којашто е направена во 2017 година, по откривањето на широко распространет систем на затајување данок, а го користат странските фирми и богатите лица за да ги намалат своите даночни обврски, сега опфаќа 12 јурисдикции, пренесува Reuters.

На списокот се наоѓаат и: Фиџи, Оман, Самоа, Тринидад и Тобаго, Република Вануату и три територии на САД – Американска Самоа, Гуам и Девствени острови.

Фото: Pixabay