Проширена Управата на НЛБ Банка

33

На 18-ти декември, Гувернерот на Народната Банка на Република Македонија издаде Решение за согласност за именување на Гинтер Фриедл за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, стои во соопштението.

Со именување на Фриедл менаџерскиот тим на банката дополнително се зајакнува и заедно со Антонио Аргир (претседател на Управниот одбор) и Дамир Кудер (член на Управниот одбор), истиот сега ќе бори три члена.

Новиот член на Управата е со 22-годишно меѓународно искуство во истакнати финансиски институции и ќе биде задолжен за координација на финансиските активности на банката. На оваа позиција Фриедл доаѓа од НЛБ д.д. Љубљана, каде во изминатите девет месеци работеше на функцијата на Регионален менаџер задолжен за Македонија и Косово.