Проширени вени – причина и лек

223

noze

Дури 50% од возрасните луѓе страдаат од проширени вени кои најчесто се јавуваат на нозете.

Ако стоиме подолго време, притисокот на вените се зголемува за десет пати, а жените се повеќе погодени, особено во подоцнежните години и во бременоста. Ѕидовите на вените се истенчуваат, а не ретко се јавуваат и други здравствени проблеми.

Доколку имате предиспозиции (долго време стоите или седите) или докторот ве предупредил дека може да се јави проблем со проширени вени, треба да го промените вашето мени.

Ако имате проблем со одењето во тоалет, се јавува и притисок на стомакот, којшто пак оневозможува правилен проток на крв во нозете. Тоа може да предизвика оток и болки во вените.

Како и за многу други болести, храната може да биде лек.

Она што најмногу ќе ви биде потребно се влакната што ги има во свежото овошје и зеленчук, житерките од цело зрно и мешункастите растенија. Конзумирајте често глог, цреши, боровници, капини и рибизли.

Мерки на превенција

Одбегнувајте долго стоење

Подножјето на креветот каде спиете подигнете го за 15 cm

Бидете физички активни (брзо одење и пливање се најефикасни)

Користете еластични чорапи или стегачи

Намалете го вишокот на килограми

Не ги изложувајте нозете на високи температури (сончање, сауна, капење во жешка вода)

Хидромасажа – туширајте ги нозете наизменично со ладна и топла вода, од стапалата кон препоните