Прослави

74

proslava

Фото: Pixabay

Има многу причини за прослави. Тука се родендени, компаниски прослави, успеси, имендени итн. Прославите се убава работа.

Од друга страна, пак, сè помалку прославуваме. Не би сакал да навлезам во причините, но бројот на прослави од година во година се намалува и стануваат сè поретки. Луѓето како да се срамат да прославуваат.

Соодветно на тоа, и гостите коишто доаѓаат на можните прослави се намалува. Знаете она: абе, ај сега ќе одиме, батали… боље дома ќе останеме… а човекот или компанијата навистина сакале да споделат нешто со вас.

Но прославите сами по себе, доколку им дадете некоја креативност, може да имаат и некоја друга димензија, посебно во компаниите:

Секојдневие – со организација на прослави, на момент дозволете да се исклучите од секојдневните работа и активности и дозволете си момент за нешто различно.

Размена на информации – и самите сте свесни колку нови информации можете да добиете, без оглед дали се работи за домашна или за компаниска прослава.

Подобрување на комуникација – компаниските прослави може да имаат улога на подобрување на комуникацијата помеѓу присутните. Преку хумор и интересни теми се надминуваат некои можни бариери, ако постоеле.

Зближување – подобрување на тимскиот дух.

Има многу причини зошто да се прават прослави, па би сакал да споделам со вас некои идеи за организација на прослави, но малку различни:

Роденден – доколку организацијата на роденден ви е клише, тогаш наместо да организирате роденден, организирајте прослава за денот на вашето вработување во фирмата.

Успеси – прославете ги сите успеси, со тимот, со сите колеги. Како сакате, само прославувајте си ги успесите.

Празници – убаво би било да си имате некој празник кој секоја година ќе си го прославувате. Тука е Нова година, ако ништо друго.

Годишници – доколку организацијата на годишници на компанијата или вработените ви се клише, организирајте годишници на соработка со соработници.

Спонтано – ви се случило нешто убаво, соберете ги колегите и споделете го тоа. Направете го тоа чисто онака, од забава.

И да знаете, сигурно има уште мал милион идеи за прослави, а дополнително на тоа, не мораат ништо или многу да чинат, а ефектот е многу добар. Прославувајте!

Со успех во промените.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.