ProtectPax – иновативна течност за заштита на екран

29

protectpax

ProtectPax е иновативна течна заштита на различни стаклени површини, како што се смартфони, таблети, лап топ компјутери, очила и слично. Станува збор за таканаречено “течно стакло“ што може да ги прекрие неправилностите или вдлабнатините на стаклените површини, создавајќи тенок и невидлив слој.

Корисникот треба да нанесе неколку капки на очилата или мобилниот телефон и со ткаенина да ја размачка течноста по стаклената површина. Со тоа добива заштита од различни гребнатини, пукнатини што трае околу една година. Штом се премачка стаклената површина со ProtectPax, станува отпорна на вода и не дозволува да остануваат отпечатоци од прсти на екранот или очилата.

protect-pax

Оваа течност помага целосно да се санира и скршен екран на мобилните телефони, бидејќи навлегува во пукнатините и ги исполнува, по што екранот се враќа во првобитната состојба.

Исто така, ProtectPax ги редуцира електромагнетните зрачење од мобилните уреди за 92,7% и ги елиминира бактериите што остануваат на екраните на допир.

Овој германски изум е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде побараа поддршка од 20.000 долари. На 23 дена до крајот на кампањата, тој износ е надминат за над 470%.