Проѕирни соларни панели прозорците ќе ги претворат во колектори на енергија

45

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот во Мичиген создадоа целосно транспарентни соларни панели што би имале широка примена во различни индустрии, пишува Architecturen Design.

Она што е важно кај овие панели е видливоста, па може да се постават преку проѕирни површини, како што се прозорци и на тој начин да собираат сончева енергија, без да ја намалат светлината во просторот.

За овие панели се користат органски молекули што апсорбираат зраци, како што се инфрацрвени и ултравиолетови зраци, што не се видливи со голо око. “Заробените“ зраци, како што се наведува, се транспортираат до крајните делови на панелот, каде што се претвораат во електрична енергија со помош на тенки ленти на фотонапонски соларни ќелии.