
Ако некогаш уморни во метро или во воз ја потпрете главата на прозорецот, треба да внимавате – нов медиум за рекламирање може ви стави некакви идеи во вашата глава. Буквално. Агенцијата BBDO Дизелдорф разви специјален прозорец за јавен превоз кој користи предавател што ослободува високофреквентни осцилации кои мозокот ги претвора во звук. Пораката од прозорецот може да ја слушне само оној што е навален на него.














