Прв Арт базар за празникот на виното и љубовта на Скопски саем

55

По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин утре и задутре на Скопски саем ќе се одржи првиот Арт базар – Дизајн со љубов.  

Настанот го организираат Скопски саем, Занаетчиска комора на Скопје и Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА).

Учествуваат автори на рачни изработки, креативци кои дизајнираат со љубов и создаваат широк спектар на рачно изработени предмети од најразлични материјали, сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и друг вид на материјали за изработка на креативни дела.

Арт базар – Дизајн со љубов ќе биде од промотивен и продажен карактер и отворен за широка публика. Влезот е слободен, а ќе биде отворен утре од 12 до 19 часот, а задутре од 11 до 19 часот.

Во рамките на Aрт базарот ќе има индивидуални презентации со цел овој вид уметност да се доближи и до пошироката публика.