Прв ден Avto Plus Street Show

192

Помина првиот ден од 3-те дена на Авто Плус Street Show, авто-мото саем на отворено, а присутните имаа можност да се запознаат со голем број новитети на македонскиот пазар од најпознатите и најголемите марки. Посетителите на настанот имаа шанса да се запознаат и со понудите за комерцијални возила, нови мотоцикли, АТВ, четирицикли, електрични мотоцикли и велосипеди, како и автомобилска галантерија и додатоци за возилата.

Времето одлично не послужи, а расположението на кај присутните дополнително го разубавија овој уникатен настан за македонската автомобилска индустрија.

Продолжуваме денес од 10 до 20 часот… и утре… ВЛЕЗ СЛОБОДЕН !

неколку фотки, за да знаете што ве очекува… презентациите на новите почнуваат од 12 – 14 часот… а и пренос во живо на социјалните медиуми.