Прв ден на работа после одмор…

102

 

Фото: Pixabay

Само еден од четворица се враќаат свежи на работа после одмор, а околу 80% чувствуваат пост – одморска депресија (post holiday blues). Симптоми на овој вид депресија се главоболка, губење интерес, нерасположение, недостиг од концентрација…

Но, факт е дека луѓето кои се задоволни од својата работа, колегите, работната средина како една целина, помалку можат да западнат во овој вид на депресија. Оние, пак, кои немаат такво чувство за работата, многу потешко го преживуваат не само враќањето на работа по одмор, туку секој нов работен ден.

Еден од триковите што ќе ви помогне да се аклиматизирате на асфалтот и секојдневието што го оставивте кога заминавте на одмор е да се вратите од летување неколку дена порано. На пример, ако почнувате на работа во понеделник, испланирајте одморот да ви трае до четврток или петок. Така ќе имате неколку дена да се привикнете на старите навики, а ќе имате и доволно време да се подготвите.

Најдете “утеха“ во викендите. Иако годишниот одмор е зад вас, немојте да бидете очајни, туку размислувајте за тоа дека може да ги искористите викендите до крајот на летото за релаксација. Со поставување на таква цел, ќе ви биде полесно и ќе бидете помирни.

Уживајте во ритуалите што сте ги имате претходно. Утринско кафе на тераса, ручек со семејство, дружење со пријателите, прошетки со милениците… можат само да ви покажат дека е убаво што сте повторно дома. Колку и да сте авантурист по природа, сепак, убаво е кога чувствувате дека сте дома и сте опкружени со работите и луѓето што ви значат.