Прв ден од Авто Плус Street Show

221

Најголемиот авто-мото настан во нашата земја, Авто Плус Street Show, кој се одржува овој викенд, стартуваше со првиот од двата дена

Првиот ден се уште трае. Времето не послужи, а ние сме тука до 20 часот. За сите оние кои нема да можат да стигнат да присуствуваат денес, тука сме и утре од 10 до 20 часот.

Авто Плус Street Show е иновативен начин за презентација на нови автомобили, мотоцикли, електрични возила, како и производи од секторот на автомобилската галантерија и додатоци за возила. Временските услови во раните утрински часови воопшто не беа пречка за да се подготвиме и да приредиме настан на врвно ниво.

Најголемиот авто-мото настан во нашата земја започна успешно и тече со полна пареа, организацијата е на врвно ниво, а временските услови се сосема оптимални за одржување на еден ваков настан кој не смее да се пропушти доколку сте љубител на убавиците на две и четири тркала.

На првиот ден од настанот имавме и неколку ексклузивни премиери за македонскиот пазар, каде за првпат пред посетителите беа претставени неколку новитети. Прв пред македонската јавност се појави електричниот Porsche Taycan кој привлече огромно внимание меѓу посетителите, како и новиот Renault Megane Conquest, кој е нов модел за европскиот пазар, а сега дебитира и во Македонија. За авантуристите имаше и премиера на Caretta оф-роуд приколките за кампување. Во текот на утрешниот ден од Авто Плус Street Show не очекуваат уште повеќе премиери.

Настанот трае до 20 часот, придружете ни се и утре (недела)

Самиот настан привлече големо внимание од самиот почеток на денот, истото очекуваме да продолжи до крајот на првиот ден, а уште поголемо присуство се очекува утре (17 октомври) кога временските услови ќе бидат уште подобри за дружба и запознавање со сето она што е ново и интересно кога станува збор за понудите на македонскиот пазар.

Затоа, ако се уште се мислите дали да се упатите кон СЦ „Борис Трајковски“, ве охрабруваме да ни се придружите на најголемата и најинтересната авто-мото забава во нашата земја. Атмосферата е жешка благодарение на новите автомобили, скарата се врти, кафињата се спремни, се што треба е да ни се придружите и да си поминете одлично. Доколку сепак не можете да присуствувате, следете го стримингот во живо на следниов ЛИНК.

Преземено од Avtoplus.mk