Прв модул од Програмата за претприемачи/Претприемачко лидерство

33

usaidВо канцелариите на CEED Македонија, со почеток во 15 часот, денес ќе се одржи првиот модул од Програмата за претприемачи/Претприемачко лидерство.

По кратката презентација на Проектот и презентирање на основните Правила во Програмата за Претприемачи од страна на тимот на УСАИД Проектот за Микро и Мали Претпријатија, следува панел дискусија.

Во дискусијата ќе учествуваат Васко Темелкоски, менаџер за развој во компанијата Еуромак-Контрол, Горан Антевски, генерален менаџер во Раде Кончар –ТЕП, Радослав Каранфилов, сопственик на компанијата Краснаја доо Скопје и Филип Арсов, основач и управител на Синапс групација.