Прв тематски нетворкинг настан на CEED регионалниот клуб

26

house plansПрвиот тематски настан на CEED регионалниот клуб на менаџери и претприемачи, на тема “Недвижности” ќе се одржи денес со почеток во 16 часот во просториите на CEED Македонија.

Специјален гостин и воведничар во темата е г-дин Дејан Коцев, Berkshire International Investments.

На денешната средба ќе се зборува за инвестиции во недвижности, начини на вложување, предности и недостатоци од инвестиции во недвижности, како и за специфики и разлики на пазарот на недвижности во Македонија, регионот и светот.