Прва мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар од Еуролинк

28

Banners02

Осигурителната компанија Еуролинк осигурување денеска ја пушти во употреба првата мобилна апликација за осигурување, со којашто на своите клиенти им овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, пријавување евентуални штети, информации за услугите и понудите и кога се во движење. На тој начин компанијата, преку својата мобилна апликација Eurolink Osiguruvanje, ја олеснува интеракцијата со своите клиенти и ја унапредува достапноста на своите производи и услуги. Апликацијата е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или iOS оперативните системи, соопштуваат од компанијата.

Апликацијата е прва од ваков тип на македонскиот пазар, а со неа корисниците ќе можат да  користат голем број услуги од удобноста на својот дом, или пак, во движење, каде и да се наоѓаат во моментот.

“Иднината и развојот ќе им припаднат на оние кои ќе овозможат најлесно достапни продукти прилагодени на брзиот и динамичен животен стил. Со оваа услуга потврдуваме дека сме насочени кон континуирани иновации со цел задоволување на сите потреби за осигурување на нашите клиенти, воедно штедејќи го нивното време. Мобилната апликација, со голема едноставност, нуди комплетна услуга за нашите клиенти, со што ќе го подобри нивното корисничко искуство“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Banners02

Преку апликацијата едноставно и брзо може да се купат полиси за патничко осигурување и станбено осигурување Доми комплет со 10% попуст, корисниците може да пријават штета. Исто така, клиентите може да добијат комплетен увид во своите полиси, во статусот на пријавени штети и лесно и безбедно да извршат плаќање на фактурите и на доспеаните рати, како и да добијат информации за услугите, промоциите и активностите на компанијата.

Инаку, мобилната апликација Eurolink Osiguruvanje е веќе достапна за симнување од Google Play и App Store без никаков надомест. Корисниците на Андроид оперативниот систем може да ја преземат апликацијата од овој линк, додека за корисниците на iOS апликацијата е достапна на овој линк.