За прв пат кај нас ќе се одржи Конференција за проектен и ИТ менаџмент којашто на едно место ќе собере неколку влијателни предавачи и експерти од овие области кои ќе го споделат своето знаење и ќе покажат примери од пракса корисни за присутните.
Конференцијата е во организација на Клиар Вју (Clear View BTC) бизнис тренинг центарот и Семос Едукација, тренинг центар за ИТ едукација. Ќе се одржува на 25 април во просториите на М6 Едукативниот центар во Скопје. На настанот ќе присустуваат 9 експерти од неколку земји и различни компании коишто имаат долгогодишно искуство со Business Analysis, PMP, SCRUM, ITIL, DevOps и ISTQB.
Сите присутни ќе имаат можност да се стекнат со дополнителни вештини потребни за да ги задржат компетенциите и да останат на врвот во бизнис окружувањето во кое делуваат. Посетата на конференцијата ќе им даде проширен поглед на секојдневното работење, нови идеи, споделени искуства и поголем успех.
“Бизнис окружувањето е динамично со трендови кои постојано се менуваат, па затоа потребно е компаниите и индивидуалците да бидат чекор пред конкуренцијата преку осознавање на најновите, најдобрите и докажани практики во работењето. Веќе извесно време чувствувавме потреба од одржување на ваков тип на настан и затоа одлучивме да ја реализираме оваа конференција, каде 9 искусни експерти ќе разговараат со присутните на теми кои се клучни за нивниот бизнис, ќе зборуваат за новите трендови во проектниот и ИТ менаџмент, итн. Учесниците ќе можат да споделат со нив свои идеи и ставови, да побараат совети, и преку тоа да создадат нова перспектива со која ќе ја зајакнат својата позиција во бизнисот. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на низа од успешни настани од ваков тип преку кои индивидуалците и компаниите постојано ќе ги надоградуваат своите вештини и знаења.“, изјавија организаторите.
На еднодневната конференција ќе се обработат неколку важни теми, меѓу кои: 5 трендови во проектен менаџмент во 2018; Бизнис анализа во корпоративен Value Stream; PMP во пракса; Зошто SCRUM?; SCRUM хибридна методологија во пракса; ITIL – Back to the Future; DEVOPS; ISTQB – Планирање и управување на тестирање со Team Foundation Server.
Во еден ден, на едно место, присутните ќе имаат можност да ги слушнат искуствата на највлијателните PMP & IT менаџери во регионот:
Милан Шмигиќ (Основач и CEO на Центар за Управување со проекти – CPM, водечка консултантска и тренинг компанија за Проектен Менаџмент на целиот Балкан. Повеќе од 20 години работно искуство во менаџмент – консултантство); Мирослав Аничин (Претседател на PMI Serbia Chapter Индустрии: FMCG, Финансиски институции, Телеком, Јавен Сектор, Угостителство); Александар Стевковски (Continuous Improvement Manager, Johnson Matthey, Македонија); PMP & Scrum сертифициран тренер; Рок Сајовиц (Дипломиран инженер по компјутерски науки и магистер по менаџмент. Ги има сите ITIV V3 Expert сертификати и е долгогодишен ITIL тренер); Симона Стевковска (Софтвер девелопер и проект координатор во ИТС Софтвер Центар); Бранко Аврамовски (Работи како DevOps&IT Operations менаџер во Сингулар Груп. Има стекнато сертификати од областа на системско инженерство од Microsoft, Linux и ITIL); Љупчо Бубевски (Менаџер за Контрола на квалитет во ТабТале ЛТД. Работна историја во индустријата за компјутерски игри); Фисник Доко (Сертифициран ISTQB и Microsoft тренер и активен предавач на курсеви и настани во регионот. Вработен во НБРМ и консултант на различни проекти).
Сите заинтересирани кои сакаат да си резервираат место на конференцијата, имаат можност да ја искористат раната пријава до 17 април по најповолна цена. Повеќе информации за конференцијата, деталната агенда, учесниците и сл. може да прочитате на официјалната веб-страница на Clear View.