На 18.09.2023 година во Скопје ќе се одржи првата регионална Конференција за техничка анализа на финансиските пазари, организирана од Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ.
Настанот ќе се одржи во М6 едукативниот центар, а ќе биде поддржан од страна на Меѓународната федерација на технички аналитичари (IFTA-International Federation of Technical Analysts), како и претставници од британската Техничка асоцијација (UK Technical
Association) и швајцарската Асоцијација на пазарни техничари (Swiss Association for Market Technicians.)
На Конференцијата ќе учествуваат искусни професионалци од областа на техничката анализа од регионот и Европа, коишто ќе се осврнат на актуелните предизвици на финансиските пазари поврзани со нивното анализирање и предвидување на движењата вредноста на хартиите од вредност, особено во контекст на користењето на новите технологии, како што е вештачката интелигенција.
На настанот ќе се обратат или ќе земат учество во панел дискусиите и високи претставници на домашните институции – регулатори на финансиските пазари, како Народната банка, Министерство за финансии, како и менаџери од финансиски компании, брокерски куќи од земјата и регионот.