Прва тура на туристичката подморница во Турција

46

nemo-primero-turcija

Фото: Facebook

Првата туристичка подморница во Турција, под името Nemo Primero, ја направи премиерната подводна тура по брегот на Анталија на 11-ти овој месец, пишува Хуријет.

“Ние знаеме дека Турција и Анталија имаат огромен потенцијал за алтернативен туризам“, вели Мунир Каралоглу, градоначалник на Анталија.

Првата станица на подморницата беа остатоците од францускиот брод St. Didier, којшто потона во Втората светска војна, само еден километар од пристаништето во Анталија.

Подморницата може да превезува 48 патници, а нејзина главна цел е поттикнување на туризмот во Турција. Се очекува оваа необична туристичка понуда на земјата да ѝ донесе околу 12 милиони долари на турската економија. Nemo Primero ќе прави подводни тури шест пати во текот на денот.