Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави министерот за здравство Крис Ферн.
Негативен тест за коронавирус веќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров.
“Ние ќе бидеме првата земја на Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да го заштитиме нашето општество, рече Ферн на прес-конференција.
Изјавата на министерот следеше откако од понеделникот на Малта секој ден има двојно повеќе заразени лица.
Фото: Pixabay