Првата електрична сушална за алишта и во Македонија

691

susalna na struja

На македонскиот пазар се појави иновативен и корисен производ што ќе ги олесни секојдневните обврски поврзани со сушењето алишта во зимски услови.

Станува збор за првата електрична сушална од типот PT/EV 230, којашто е решение за сушење алишта особено во зимскиот период. Имајќи го предвид и загадувањето на воздухот и потешкотиите при сушење на алишта во затворен простор, електричната сушална ќе го најде своето место во секој дом.

elektricna susalna 1

Сушалната е целосно изработена од алуминиум, а може да се користи и без да се приклучува на електрична енергија.

Димензиите кога сушалната е отворена се: 147 х 54 х 94. Температурата што ја постигнува при загревање е 50 до 55 степени. Потрошувачката на електрична енергија е 230 W.

Електричната сушална ја произведува кинеската компанија Hangzhou EVIA Industrial Co, додека увозник за Македонија е компанијата Петрол Траде. Производот има едногодишна гаранција.

elektricna susalna