Првата пловечка нуклеарна централа ќе проработи во Русија

37

1За три години, Русија ќе ја добие првата пловечка нуклеарна централа која ќе може да ги снабдува со енергија тешко достапните реони, како и со вода за пиење во сувите области.

Уникатниот пловен објект треба да биде оперативен до 2016 година. Централата, која ќе обезбедува енергија за големите индустриски претпријатија, пристанишните градови и оф-шор платформите за експлоатација на нафта и гас е дизајнирана врз основа на нуклеарните реактори со кои се опремени бродовите за кршење на мраз. Оваа технологија веќе 50 години се покажа успешна за работа во екстремни услови на Арктикот, пишува RT.

Како и секоја атомска централа, и оваа е дизајнирана да може да им одолее на можните закани, како цунами, бранови или судир со брод или почва. Пловниот објект ќе биде безбеден за животната средина и нема да испушта никакви опасни супстанци за време на работата.