Првата реклама на National Geographic на Супер боул – Ајнштајн ја свири Гага на виолина

24

reklama

National Geographic ТВ каналот за прв пат се појавува со реклама на американскиот Super Bowl. Во рекламата, актерот Џефри Раш го игра Ајнштајн и на виолина ја свири Bad Romance на Lady Gaga.

Видеото е дело на McCann Њујорк, а снимано е во Прага. Видеозаписот е промоција на серијалот Genius, посветен на иноваторите, што на National Geographic премиерно ќе се прикаже на 25 април.

Цената за прикажување на рекламите оваа година е пет милиони долари за 30 секунди.