
Според ценовно чувствителното соопштение објавено на Македонска берза, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на „Реплек“ АД Скопје, Душан Пецовски, се стекнал со уште пет нови акции на фармацевтската компанија.
Со оваа трансакција, Пецовски сега поседува вкупно 31.905 акции, што претставува 12,31 проценти од вкупниот број издадени акции на „Реплек“.
Просечната цена по која се тргува денес акцијата на Реплек изнесува 16.000 денари.
Компанијата информира дека објавата е направена согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза, со што се известува јавноста за промена во акционерската структура кај акционер кој поседува над 5% од акциите.











