понеделник, 8 март, 2021
Почетна Новости Првиот човек на Volkswagen му се “закани“ на Маск преку Twitter

Првиот човек на Volkswagen му се “закани“ на Маск преку Twitter

47

Првиот човек на Volkswagen, Херберт Дис отвори налог на Twitter, а во првиот твит што го објави му се обрати на својот ривал Илон Маск.

Во првиот твит напишан од Дис, тој ги поздрави сите луѓе, а потоа го предупреди Маск дека Volkswagen ќе го стигне уделот на Теsla на пазарот и го потсети дека Volkswagen веќе добро се снаоѓа на пазарот со електрични автомобили во Европа.

Производителот на електрични автомобили Теsla е меѓу најважните светски автомобилски компании, а неговиот основач Илон Маск е меѓу најбогатите луѓе во светот.

Откако Херберт Дис стана директор на Volkswagen во 2018 година, тој се обидува да го освои пазарот на електрични автомобили со којшто владее Тesla.

Во септември 2019 година, Volkswagen го претстави првиот модел кој првично беше развиен исклучиво како електричен автомобил, со што означи почеток на новото поглавје во историјата на германскиот автомобилски гигант.

Групацијата Volkswagen  најави доаѓање на 75 електрични и 60 хибридни модели до 2029 година, а во тој број се вклучени електрични возила и хибриди од нејзините други брендови.

Фото: Pixabay