Првиот контингент Фиат 500L од Крагуевац распродаден во рекорден рок

12

2014 FiatЦелокупниот минатогодишен контингент од 30.000 произведени автомобили фиат модел 500L, произведени во фабриката во Крагуевац, се распродадени во рекордно краток период.

Според Антонио Чезаре Ферара, главниот директор на фабриката на Фиат, побарувачката на странските пазари е толку голема што со интензитетот на сегашното производство не може да се подмири побарувачката.

Моделот кој се продава по цена од 16.000 евра, засега најмногу се продава во Италија, но зголемена е побарувачката во Мароко, Тунис и Египет. Се подготвува и продолжена верзија со седум седишта, која ќе биде наменета за американскиот пазар.

Од производната лента дневно излегуваат 480 возила. Во фабриката ФАС во Србија се произведуваат 17.000 автомобили месечно, па оваа година ќе бидат произведени преку 200.000 автомобили. Поради големата побарувачка во ФАС се откажаа од производството на пунто, кој беше наменет за домашниот пазар, затоа што 500L, кој во Србија се продава за 15.000 евра, е прескап за српските граѓани.

Оваа година Србија очекува 1,6 милијарди приход од извозот на автомобили од фабриката на Фиат, во која државата има 33% удел, а 67% се на Фиат.

Фабриката во вредност од околу една милијарда евра е отворена на 16 април 2012 година, а опишана е како најголема инвестиција во Србија во изминатите неколку децении, која би требало значително да влијае на опоравувањето на српската економија.