Вкупната сеопфатна добивка на металуршката компанија Макстил, во првиот квартал од оваа година, е на ниво од 1.106.000 денари, покажуваат податоците од тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период минатата година, Макстил прикажа добивка од 1.194.000 денари.
“Остварени се вкупни приходи во првиот квартал во износ од 1.273.345.488 денари, што споредбено со 1.363.137.226 денари во минатогодишниот прв квартал претставува намалување од 6,6%“, стои во Освртот на работењето во периодот јануари – март оваа година.