Луксузниот резорт Huvafen Fushi, кој се наоѓа на Малдивите, во својот пакет услуги има и подводен спа центар кој на посетителите им нуди нови иновативни велнес третмани.
Со самото тоа што се наоѓа под вода, првиот подводен спа центар наречен LIME, на гостите им овозможува ретка глетка на разновидниот воден свет преку специјално дизајнираните прозорци, чија боја и текстура совршено се вклопува со онаа на коралите и морските сунѓери.
За да се изгради овој спа центар беа потребни 12 месеци. Велнес собите се направени од најквалитетна смола, со цел да не се наруши екосистемот во водите на Малдивите.
Како што велат од хотелот, смолата е со дебелина од 12,7 сантиметри и обезбедува многу подобар квалитет отколку ламинираното стакло.
Инаку Малдивите се дом и на првиот подводен ресторан Ithaa кој се наоѓа на островот Conrad Maldives Rangali.