Првиот српски мобилен телефон изработен од студенти од Нови Сад

38

mobilni_telefon_141113_tw1024

Креатори на “првиот српски мобилен телефон“ (ПСТ), Филип Миливојчевиќ и Срѓан Станковиќ, се двајца студенти од петта година на Факултетот за технички науки во Нови Сад.

Тие го направија овој мобилен телефон во рамки на предметот проектирање на електронски системи на Катедрата за применета електроника, јавува Екапија.

“Засега на овој телефон може да разменувате пораки и да разговарате. Целата работа ја завршивме за еден месец, иако некои делови веќе беа готови. Најголем предизвик е да се направи софтвер за примање и испраќање повици“, вели Миливојчевиќ.

Неговиот колега Станковиќ вели дека мобилниот телефон е направен од три дела, двата модули ги добија од факултет, а едниот модул што ги спојува двата го изработиле сами. За интеракција со корисникот ПСТ користи TFT екран за приказ на содржина, внесувањето на самата содржина се извршува со помош на тастатура, додека говорот на репродукција и остварувањето на помош е со екстерни слушалки со микрофон. Кога корисникот сака да повика некого, на главниот екран може да ја одбере иконата со телефонот и да го внесе саканиот број. Истото е и со испраќање на порака, доволно е да се кликне симболот ЅМЅ.

“Следниот чекор е да ја исфрлиме тастатурата и да направиме екран чувствителен на допир и сето тоа да го ставиме во една маска. Ќе направиме и дополнителни апликации во самото мени, од календар, време и состојба на батеријата, па полека ќе се движиме до крајната цел – Андроид систем“, вели Станковиќ.

Првиот српски мобилен телефон досега чинеше околу 91 евро, но во цената не е пресметан трудот на креаторите.