
Фото: Pexels
Скокање во вода без претходно разладување може да биде ризично. Разликата помеѓу температурата на воздухот и водата е 15 до 20 степени, а тоа е премногу за сечиј организам.
Кога сме надвор изложени на топлото време, крвните садови се раширени, а штом влеземе во вода, која што има значително пониска температура, тие се собираат и притисокот нагло расте.
Тоа може да предизвика грчеви и напад на паника кај (не)искусните пливачи. Токму затоа се препорачува постепено влегување во вода или туширање пред капење.
Исто така во вода не треба да се влегува гладен, уморен, а капењето под дејство на алкохол може да биде навистина опасно.