Првото “одржливо“ чоколадо, произведено во Африка, оди на американскиот пазар

139

Иако во Африка расте 70% од какаото во светот, многу малку чоколадо се прави на самиот континент. Во најголем дел непреработеното какао се извезува во останатите земји каде што се произведуваат чоколади.

Компанијата De Villiers Chocolate со седиште во Кејптаун, Јужна Африка, се надева дека ќе го промени тоа.

Тие изработуваат автентична африканска чоколада и се надеваат дека нивните производи ќе стасаат и до американскиот пазар. За таа цел компанијата има и своја кампања на платформата Kickstarter каде што собираат 10.000 долари.

De Villiers Chocolate сака да создаде чоколаден бренд којшто го има вистинскиот егзотичен вкус на Африка и да помогне во промовирање на континентот како плодна почва за производство на оригинално чоколадо.

Компанијата моментално продава преку своето студио на имотот Cape Dutch, онлајн и преку ланец на продавници во Јужна Африка.

Од скромни почетоци во гаража, пред десет години, денес тимот има бизнис препознатлив во целиот регион по својата чоколада, сладолед и кафе.

De Villiers Chocolate не користи палмино масло, со што ја штити и планетата од сечење на дрвјата. Исто така не употребува вештачки вкусови, бои, стабилизатори и конзерванси во своите производи.

Компанијата користи само нерафиниран шеќер, а темното чоколадо De Villiers е целосно вегански производ.

Фото: Kickstarter