Првпат по 38 години швајцарски Swatch прикажа загуба

31

Швајцарскиот производител на часовници, Swatch Group, минатата година ја заврши со нето загуба од 57,34 милиони долари, што е прва загуба од 1983-та година, кога е основана во оваа форма, по што ги претставија и пластичните часовници Swatch.

Потрошувачите сакаат да трошат пари на часовници во земјите каде што се отворени продавниците, во Азија и во САД најмногу, смета извршниот директор на швајцарскиот производител на часовници, Swatch, Ник Хајек.

“Луѓето бараат компензација по завршување на кризата, сакаат да трошат… сакаат да имаат доверлива вредност. Тоа го има во континентална Кина, Макао, Кореја, Тајван и Тајланд“, рекол Хајек.

Тој е помалку оптимист што се однесува до проценките за продажба во Европа.

“Туризмот е она што ни пречи да ја развиеме продажбата како што ја имавме пред 2020 година“, смета првиот човек на швајцарската компанија.

Фото: Facebook