Првпат во историјата цената на американската нафта падна под нула

107

Цената на барел сирова нафта West Texas Intermediate (WTI) вчера падна на минус 37 американски долари за барел. Причината за ова е недостигот на складови за нафта која на пазарот сега се нуди многу повеќе отколку што има побарувачка.

Просечната цена на суровата нафта WTI за барел во 2019 година беше 57 долари и 64 долари во 2018 година.

Претходно во денот, за терминските испораки нафтата во мај падна на девет долари за барел, што е најниска цена од 1998 година. Потоа падна на пет долари, па на еден долар, па на десет центи, а потоа на берзата беше излистана цена за барел од минус три долари.

Цената на нафтата падна како резултат на распродажбата на светските пазари поттикната од неизвесноста за моментално (не)достапните капацитети за складирање на нафта.

ФотоPixabay