Публицис Worldwide со ново лого дизајнирано во чест на основачот Марсел Блустен – Бланше

72

image007

Публицис Worldwide го лансираше дизајнот на новото лого во чест на оригиналното лого на Публицис, коешто го креираше основачот Марсел Блустен – Бланше во 1926 година, се вели во соопштението.

Новиот идентитет е во Арт – деко стилот на оригиналното лого поставено на вратата од првата канцеларија на Блустен – Бланше, но содржи и модерни карактеристики како симетрија и едноставност, задржувајќи го лавот како икона на Публицис Worldwide.

Ова е исчекор во обновување на постоечки дизајн со кој ќе се направи разлика помеѓу брендовите и Публицис групацијата, предводена од страна на Претседателот и извршен директор Морис Леви.

image008

“На многу начини, новиот дизајн ја одразува нашата Публицис ДНК и она што го имаме за цел со секој клиент со кој работиме. А тоа е да ги предводиме промените… Нашата цел беше да создадеме оригинален и безвремен дизајн“, вели Артур Садун, глобален извршен директор на Публицис Worldwide.

Новото лого е замислено и развиено од страна на Публицис Северна Америка и ќе влезе во употреба во текот на следниот месец.

Публицис Групацијата е една од најголемите светски комуникациски групации, присутна во 196 градови во 104 земји во светот, броејќи околу 42.000 вработени.

Во Македонија оваа групација е основана во октомври 1996 година започнувајќи ја својата работа со 10-тина вработени, за денес да има повеќе од 40 постојано вработени и голем број надворешни соработници. Ова е единствена агенција во Македонија, која е филијала на големиот светски адвертајзинг бренд – Публицис, за разлика од сите останатите агенции кои се само лиценцно поврзани со рекламните групации.