Почетна Новости Puma ги рекреираше своите “паметни“ патики од 1986 година

Puma ги рекреираше своите “паметни“ патики од 1986 година

98

Уште во 1986 година Puma претстави патики што ги мереа податоците на корисникот додека трча. Моделот беше наречен RS-Computer, а производителот сега сака да ги потсети купувачите на истиот преку негова модерна рекреација.

Патиките повторно ќе ги имаат истите бои и вградениот дел на петата, но овој пат во него ќе биде интегрирана модерна фитнес технологија.

Новата верзија ќе го мери согорувањето на калории, поминато растојание и ќе ги брои чекорите за вкупно 30 дена. Информациите преку Bluetooth потоа ќе можат да се видат на апликации преку Android или iOS.

За да се наполни литиум полимерната батерија корисникот ќе треба да употреби кабел односно USB конекција.

Puma ќе произведе само 86 пара вакви патики, коишто на 13-ти декември ќе бидат пуштени во продажба на нивната веб страна и неколку продажни места во Берлин, Лондон и Токио.