Пуштена во функција најголемата соларна пловна електрана во Кина

41

solar-panel-array-1916121_960_720

Фото: Pixabay

Најголемата пловна соларна електрана сместена во градот Хуаинан во Кина е пуштена во употреба. Системот има капацитет од 40 мегавати, а ја изгради Sungrow Power Supply.

Пловните соларни електрани имаат неколку предности, а најголемата е што се заштедува простор во густо населените места, што за Кина, којашто има над 100 градови со популација од повеќе од еден милион жители, е многу важно.

Панелите, исто така, го намалуваат испарувањето на водата, а ладниот воздух на површината на езерото помага да се минимизира ризикот од пропаѓање на соларните ќелии поради долгорочната изложеност на високи температури, пишува Clean Tehnica.

Езерото по коешто плови соларната електрана настанало откако стар рудник на јаглен со текот на годините бил исполнет со дождовница. Кина сега настојува да престане да го користи јагленот и да стане водечки светски производител на електрична енергија од обновливи извори.