Пуштени во сообраќај три нови електролокомотиви во вредност од 6,4 милиони евра

78

Железници на Македонија Транспорт АД-Скопје информира дека се пуштени во сообраќај три нови електролокомотиви.

Локомотивите се произведени во Кина, а се набавени со проектот за ревитализација на возниот парк на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје финансиран од Европската банка за обнова и развој.

Вредноста на трите нови локомотиви изнесува 6.414.000 евра, а треба да биде набавена уште една, со што вкупната вредност на проектот е 8.678.600 евра.

Овие електро локомотиви се изработени согласно најстрогите европски директиви, критериуми и стандарди и ќе овозможат поквалитетен, побрз и побезбеден железнички превоз на пругите на територијата на Република Северна Македонија.

Со пристигнувањето на новите 3 електро локомотиви, се заокружува Проектот за Ревитализација на возниот парк на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, што претставува големо задоволство за нас, имајќи предвид дека последните локомотиви кои се купени датираат пред 45 години, во далечната 1975 година, велат од Железници-Транспорт.