Путин: Богатите Руси повторно ќе возат скапи автомобили

114

Русите кои сакаат да увезуваат луксузни стоки нема да останат без луксуз, ќе можат да го сторат тоа, но малку поскапо.

Ова го изјави Владимир Путин во својот говор на Евроазискиот економски форум, цитиран од Интерфакс.

-Но, тоа се луѓето кои веќе се возеа со мерцедес 600. И тие ќе се возат, ве уверувам, ќе ги носат од секаде, од секоја страна“, рече Путин.

Тој додаде дека нишата на странски компании кои заминуваат од земјата ќе ја пополнат локални бизниси.