Путин за руските олигарси: „Проблемот е што тие се ментално лоцирани на Запад“

137

Рускиот претседател Владимир Путин беше гостин на телевизија и им се обрати на Русите кои не ја поддржуваат инвазијата.

Меѓу другото, тој се осврна и на руските олигарси кои живеат на Запад.

„Воопшто не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами или на француската ривиера, кои не можат без „foie gras“, остриги или таканаречените родови слободи. Проблемот апсолутно не е во тоа, туку, повторувам, во фактот дека многу од овие луѓе се ментално лоцирани токму таму, не овде, не меѓу нашите луѓе, не во Русија“, рече Путин.

„Тоа е она што тие го мислат – знак на припадност кон повисока елита, повисока раса“, додаде тој.