Qatar Airways купува 49% од акциите на италијанскиот авиопревозник Meridiana Fly. На овој начин Qatar Airways ќе ја поттикне италијанската авиокомпанија да ја зајакне својата позиција на европскиот пазар, пишува Reuters.
Начелниот договор меѓу двете авиокомпании беше постигнат на аеромитингот Farnborough international airshow, а се очекува да се заокружи во октомври оваа година.
“Интензивирање на работата започнува денеска благодарение на овој договор. Сигурен сум дека вработените во Meridiana ќе знаат како да ги искористат предностите од оваа можност за да создадеме ново поглавје за нашата компанија“, изјави претседателот на италијанскиот авиопревозник, Марко Риџоти.
Катарскиот авиопревозник поседува 15% од British Airways, а ја разгледува можност за преземање на 49% акции на мароканскиот авиопревозник Royal Air Maroc.