Quglitza – Хрватска игра за тестирање рефлекси и силна концентрација

25

Quglitza

Студиото RosterBee од Вараждин е веќе познато по игри за мобилни телефони, а со новата игра Quglitza се надеваат дека ќе ги придобијат симпатиите на играчите од целиот свет, пишува 24 сата.

Оваа иновативна игра бара добри рефлекси и огромна концентрација. Концептот изгледа едноставно, бидејќи потребно е бојата на работ од екранот да се поклопи со бојата на топчето. Но, при првиот обид станува јасно дека воопшто не е едноставно како што изгледа.

Quglitza моментално е во петте најпопуларни игри на Google play store.