Rabbitland – кафе бар каде може да си посвоите зајаче

25

image

Летово во Хонг Конг се отвори првото кафуле каде освен кафе, сок и закуска, посетителите ги дочекуваат и мали слатки зајачиња со кои можат да си поиграат, пишува Stuff.co.nz. Rabbitland се наоѓа во раздвижената комерцијална област Косвеј Беј.

Гостите со секоја нарачка добиваат и храна за зајачињата за да ги хранат. Сепак, постои кодекс на однесување со животните според којшто не е дозволено тегнење за ушите или било какво однесување што може да ги повреди или исплаши. Како инспирација за отворање на Rabbitland на сопственикот Рики Лем му послужил веќе постоечкиот Остров на зајаците што се наоѓа во Јапонија.

Освен тоа, ако сакаат, гостите можат да си посвојат зајаче од кафулето и да му дадат дом. Кафулето е толку популарно што гостите морат да направат резервација однапред.

rabbit2rabbitland_cafe_19082016_620_412_100HONG KONG-LIFESTYLE-ANIMAL-RABBIT-CAFEarticlesHONG_KONG-LIFESTYLE-ANIMAL-RABBIT-CAFE_16081911173993.transformed