Работа од соништата: Овчар во планински ресорт во Словенија

114

ovcar

Словенечкиот Еко ресорт под Велика планина нуди можност за вработување на 10 лица без посебни барања за претходно работно искуство.

Ресортот, којшто се очекува да биде отворен во септември оваа година, ќе има потреба од 10 лица кои би работеле по две, три или четири недели во било која сезона во текот на годината, почнувајќи од септември.

За добивање на оваа работа од соништата, како што ја нарекуваат од ресортот, апликантите треба да имаат над 18 години и да го споделат промотивното видео, по што ќе ги добијат дополнителните инструкции за добивање на оваа работа.

Досега промотивното видео за ресортот го споделиле над 2.300 апликанти од многу земји кои се заинтересирани за добивање на оваа работа.

Главните задачи на таканаречените овчари ќе бидат: грижа за животните, водење активности и работилници за деца, грижа за растенијата во градината, како и водење грижа за велнес центарот и за природното езерце.

Оние кои ќе ја добијат оваа работа, освен што ќе треба да ги извршуваат потребните задачи, ќе имаат можност да уживаат во природните убавини, во сместувањето во дрвена куќичка, во локалната храна, бесплатните спортски активности…