“Работа” за време на празник

26

laptop

Фото: Pixabay

Денес е голем ден за нашата држава. Ден што се прославува, па е и неработен ден, но некој мора и да работи 🙂

Но, каков и да е неработен ден или продолжени викенди, сепак тие многу влијаат на секојдневните активности и рутини. Едноставно сте во прекин и веќе следниот ден ќе треба да се вратите во нормала. Работата е дека овие неработни денови се искористуваат во максимално изморување на организмот (поправки, собиранки, патувања и слично) и после сакаме следниот ден сè да биде нормално. Сакаме да бидеме функционални, па и до 100%.

Функционалноста после тие денови е возможна, но најмногу зависи од самите нас. Од тоа дали сакаме да бидеме функционални или не и како да се справиме со тоа, а сепак ваквите денови да си ги поминеме убаво.

Фокус – колку и да е неработен ден, бидете фокусирани на тоа што го работите. Доколку се работи за неколку дена пауза, земете еден ден кој ќе биде наменет за фокусирање и за извршување на работите најдобро што можете. Со тоа ги развивате своите способности за развој на концентрацијата и фокусираноста и во моменти кога мозокот сака да се „одмори”.

Дружби – овие се слични како и настаните за вмрежување. Замислете само дека одите на таков еден настан и пробајте да се однесувате така. Дојдете порано, знајте кои се вашите обврски, бидете подготвени и сите слични работи кои ги правите при вмрежувања.

Планирање – планирајте го тој ден, односно тие денови. Каде ќе одите, со кого, во колку саат. Немојте баш сè да оставите на „кога ќе ми текне, тогаш ќе го направам“, на одмор сум! Имајте некаков план и придржувајте се кон него. Ако сте повеќе луѓе, настојувајте сите да се придржуваат. Тимската работа е цело време.

Одмор – сепак сте на одмор и гледајте да се одморите. Искористете максимум за да го одморите мозокот и физички и психички да наполните батерии. Искористите го денот или некои од деновите да си дадете одмор од сè, испланирајте кога ќе биде тоа (кој ден или саат) и максимално искористете го.

Одложување – иако е одмор, избегнувајте одложување за извршување на активностите кои сте ги планирале. Од „турбо” денови да влезете одеднаш во „нулта” брзина, што се вели и баш не е добро за самите вас. Иако одложувањето на работите е научно докажано дека ни дава наплив на убаво чувство, сепак одложувањето на работите, а со тоа и ставање во „лер” на мозокот, може да предизвика и негов замор.

Очекувања – бидете реални со себе, но и со другите околу вас, околу тоа што може да очекуваат од вас, кога да сте достапни, доколку имате и соработка со странски партнери и кога може да очекуваат одговор од вас. Ако до сега сте одговарале веднаш, тогаш ставете автоматска порака дека ќе им одговорите после неколку дена.

Значи може да се „работи” и за време на празник, односно неработен ден или денови, но треба да се сака да се сетира мозокот така.

Нека ви е честит празникот, убаво да си го поминете и искористете го за ваше менување.

Со успех во промените.