Работата од дома им заштеди милијарда долари

43

Со олеснувањето на ограничувањата поврзани со коронавирусот, сè повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку Интернет. Ова е многу добро за рекламниот бизнис на Google. Сепак, вработените во таа компанија сè уште работат од дома и не патуваат толку многу на службени патувања – што е добро и за деловното работење на Google

Конгломератот Alphabet кој го поседува Google, заштеди 268 милиони долари во текот на првиот квартал на патувања, промоции, забава, во споредба со истиот период минатата година, покажа извештајот на компанијата. Годишно, тоа би било повеќе од милијарда долари.

Вработените на Google работат од дома од март 2020 година.

Фото: Freepik