Работен состанок за проектите за пречистителни станици финансирани од ИПА

57

Работен состанок на тема Обврските кои произлегуваат за општините и јавните комунални претпријатија, пред и во фаза на спроведување на проектите за изградба на пречистителни станици за отпадни води планирани за градба во рамки на ИПА Оперативната програма за Регионален развој 2007 – 2013, ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

На отворањето на состанокот ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Мартин Клауке.

Целта на состанокот е запознавање со активностите кои ги спроведува Министерството и со обврските на општините и јавните комунални претпријатија, во однос на изградбата на пречистителни станици за отпадни води во Радовиш, Струмица, Кичево, Охрид/Струга и канализациски мрежи во Куманово и Берово.