Работи на кои фрлате пари

243

Бидејќи инфлацијата постојано ја зголемува цената на речиси сè, поважно е од кога било да се следи како ги трошите парите.

Меѓутоа, со текот на времето, дури и потрошувачите кои најмногу се грижат за својот буџет може да бидат „фатени“ како трошат повеќе отколку што им е потребно за одредени трошоци.

Во продолжение прочитајте кои се вообичаени замки за пари – и совети како да ги намалите.

1. Банкарски провизии

Без разлика дали плаќате такси за повлекување пари од банкомати надвор од мрежата на вашата банка или плаќате месечни надоместоци за користење тековна сметка, малите провизии може да доведат до значителен износ на изгубени пари со текот на времето. Проверете колку ве чини одржувањето, кој пакет го користите и дали има некоја друга опција што ќе ве чини помалку. Пакетите за одржување на тековната сметка често имаат повеќе услуги што можеби нема да ги користите.

Совет: Сменете ја банката ако видите дека одржувањето сметка ве чини помалку кај друга.

2. Купувате работи што не ви се потребни

Не може да се негира возбудата што ја имате кога купувате нов предмет за пониска цена од вообичаената. Но, трошењето пари на нешто што не ви треба само затоа што е на продажба може брзо да доведе до прекумерно трошење и трупање.

Совет: следниот пат кога ќе бидете во искушение да купите нешто на распродажба, почекајте 24 часа пред да купите. Честопати почетната возбуда ќе исчезне и ќе заштедите пари.

3. Претплати што не ги користите

Минатогодишната студија на US Chase покажа дека повеќе од 70% од потрошувачите трошат повеќе од 50 долари месечно на месечни плаќања за работи што не им требаат или не ги сакаат. Еден од виновниците за ова, рече Џули Рамхолд, аналитичар за потрошувачи во DealNews, е тоа што луѓето често се пријавуваат за бесплатни периоди, а потоа не откажуваат кога ќе истече.

„Тие услуги се ставаат на автоматско плаќање, а потоа луѓето не ни сфаќаат дека плаќаат за нешто што не го ни користат. Тоа е лесен начин да ги фрлите парите низ прозорецот“, рече таа.

Совет:Внимателно прегледајте го вашиот извод секој месец и откажете ги сите трошоци за предмети или услуги што не ги користите.

4. Вишок храна

Иако количината на храна што ја фрла вашето семејство можеби е помала, сите ние сме виновни што мораме да ја фрлиме овенетата зелена салата или остатоците по вечерата.

Совет: Проверете го вашиот фрижидер пред да одите во супермаркет. Планирајте ги вашите оброци врз основа на работите што веќе ги имате. На овој начин, не само што ќе бидете сигурни дека ќе ги користите овие предмети пред да се расипат, туку веројатно ќе купите и помалку намирници кои подоцна ќе одат на отпад.

5. Продолжени гаранции

Иако продолжените гаранции за вашиот автомобил, уреди или други електронски уреди можат да ги надоместат трошоците за идните поправки, тие не се секогаш исплатливи, смета Рамхолд.

Понекогаш цената на гаранцијата ќе ги надмине трошоците за какви било потенцијални поправки или нема да го покрие проблемот што го имате.

Совет: Наместо да плаќате за продолжена гаранција, размислете да ги насочите вашите дополнителни пари на сметка за итни случаи што можете да ја користите за да ги покриете трошоците за поправка, доколку ги има.

Фото: Pexels